Евакуација поради ерупција на супервулкан - САД и нудат 10 милијарди долари на Ј. Африка за сместување на Американците?!
Веќе неколку дена голем број на теоретичари на завери дврдат дека американските власти се уверени во скорашна ерупција на таканаречениот супервулкан под прочуениот парк Јелоустон и дека поради тоа подготвуваат план за евакуација на сите жители на САД.
На една јужноафриканска веб страна се појави информации дека американската администрација на Афричкиот национален конгрес понудила десет милијарди долари годишно за привремен смештај на околу 300 милиони Американци.
Инаку како друга локација за преселување се споменуваат Бразил, Австралија и Аргентина.
Од друга страна научниците ја уверуваат јавноста дека во овој момент ништо не укажува на можноста за скорешна ерупција на супервулканот, кој последен пат бил активен пред 640.000 години, а за последиците тогаш оставил пустош на американскиот контингент.
Се било прекриено со пепел, а бројни животински и растителни видови биле збришани од лицето на Земјата.
„Шансата дека за време на нашите животи ќе ја дочекаме ерупцијата е речиси безначајна“, изјавил Питер Кервел, помошник директор за наука и технологија при USCG Научниот центар за вулкани во Калифорнија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа