ВИДЕО: Девојче гениј- завршила средно училиште и дипломирала во исто време

 
16-годишната Грејс Буш е новото дете гениј. Таа своето средно училиште го заврши пред своите врсници, но ова го направи откако веќе дипломираше од колеџ, на Универзитетот во Флорида.
 
Средното училиште каде завршила Грејс дозволува земање на часови од колеџ, па така таа ја искористи можноста да дипломира на факултет, пред да земе диплома од средно.
 
„Почнав со колеџот на 13 години  и одев на предвања преку лето, и така дипломирав порано.“
 
Уште од мала, родителите на Грејс знаеле дека таа ќе биде успешна во образованието - почнала да чита на само две години. Грејс планира наскоро да започне со магистратура и се надева дека во иднина ќе стане врховен судија во САД.
 
Погледнете го прилогот на CBS за генијалната тинејџерка:
 
09.05.2014 - 15:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега