Кој ќе се натпреварува на Макфест за 20.000 евра?!

 

Фестивалот за забавна музика „Макфест“ годинава ќе се одржи во првиот викенд од јуни. На двете полуфинални вечери ќе има вкупно 30 композиции кои ќе бидат изведени во живо, со придружба на оркестарот на Македонската радио-телевизија.

Полуфиналните вечери ќе бидат на 5-ти и 6 јуни, и ќе имаат по 15  композиции. Од нив ќе бидат избрани 18 што ќе учествуваат на финалната вечер на 7 јуни. Ќе се гласа само преку СМС-пораки. 

Буџетот за 29. издание на „Макфест“ е 10 милиони денари, од кои три милиони се на Општина Штип, а седум милиони денари од Министерството за култура.

Вкупниот фонд на награди за првите три пласирани изведувачи и за најдобар дебитант и сценска изведба е 50.000 евра. Првонаградениот ќе добие 20 илјади евра.

За подигање на квалитетот на повисок степен, фестивалот ќе биде под покровителство на Министерството за култура. Министерката Елизабета Канческа-Милевска денеска на прес-конференција во Штип рече дека одлуката е донесена во координација со раководниот и уметничкиот тим на „Макфест“.  

- Јавноста ќе биде изненадена од целокупниот нов концепт на фестивалот, од новата сценографија и од сето она што ќе можеме да го видиме во делот на композициите. Од огромно значење е тоа што фестивалот ќе се реализира во живо со оркестар, рече Канческа-Милевска.

09.05.2014 - 15:39
Фото: 
фемина
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега