Расте бројот на заболени од астма во Македонија

 

Бројот на заболените од астма во Македонија се зголемува. Повеќе од сто илјади болни доаѓаат во амбулантите, а тешко болните хоспитално се лекуваат. Има многу причини за зголемениот број болни, а една од главните е аерозагадувањето, како и бројните алергени кои ги има насекаде. За ова денеска информираше директорот на Клиниката за пулмологија и алергологија Бисерка Јовковска Ќаева, пред почетокот на стручниот состанок на тема „Астма-нерешена енигма и во 21 век“, организиран по повод Светскиот ден на астмата, кој се одбележува овој месец.

- Покрај напредокот во дијагнозата и терапијата, се уште еден голем број пациенти не се контролирани. Во европски рамки, 55 проценти од вкупниот број пациенти со астма не се контролирани. Само седум проценти од сите пациенти се добро контролирани, што значи тоа се нашите цели за подобрување на квалитетот на живот и на контролата на астмата, истакна Докиќ.

Нагласи дека дел од пациентите кои боледуваат имаат наследен генетски фактор, и на него, како што рече, не би можело да се влијае, а ќе може да се влијае на надворешната средина која е многу важен фактор во експлинирање на генетскиот материјал.

- Има гени кои може носат некоја болест, но дали ќе се развие ,во кој обем и која тежина зависи од надворешната средина. Ние може да влијаеме на чистотата на воздухот, на прекин на пушењето и на сите други загадувачи кои придонесуваат за се поголем број заболени од астма, додаде Докиќ. 

Јовковска Ќаева посочи дека идејата на состанокот с да се изнесат најновите сознанија во дијагностиката, терапијата и се она што може да им помогне на болните од астма.

- Оваа активност се совпаѓа и со нашата активност на Клиниката која е во рамки на континуирана медицинска едукација на докторите. Тоа се тематски предавања овој пат за астма, а следните месеци ќе бидат од други области и се во функција на континуирана медицинска едукација на нашите лекари, додаде Јовковска Ќаева.

Стручниот состанок се одржа во организација на Клиниката за пулмологија и алергологија и Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија на кој учествуваа доктори од Клиниката, но и од странство, меѓу кои беа директорката на Клиниката за алергологија и имунологија во Белград, Мирјана Богиќ, проф.д-р Ивана Станковиќ и проф.д-р Весна Томиќ.

Во светот има 300 милиони пациенти со астма.

09.05.2014 - 13:34
Фото: 
Канал5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега