Нападната екипа на ЕВН Македонија

 

Присебноста и брзата реакција на обезбедувањето на екипите на ЕВН спречило потежок физички напад врз вработените кои биле на службена должност да исклучат должник во Маџари кој повеќе месеци не плаќал за потрошената струја. На 08 мај  претпладнето на ул. Палмиро Тољати скопјанецот М.Ф. најпрвин вербално, а потоа и физички сакал да се пресмета со екипата на ЕВН . Откако состојбата се смирила корисникот побегнал од местото на настанот. Полицијата го привела попладнето кога сакал да се врати во својот дом. Против напаѓачот е поднесена кривична пријава за физички напад на лице на службена должност. Напаѓачот и  е познат на полицијата бидејќи е обвинуван и за други кривични дела.

 

Од ЕВН велат дека за жал ова не е прв пат нивните екипи да бидат цел на вербални па и физички напади.  За среќа реакциите на обезбедувањето и полицијата се на високо ниво и ваквите инциденти  брзо се решаваат. Екипите ќе продолжат да работат согласност законските прописи и натаму ќе ги откриваат крадците на електрична енергија и ќе ги исклучуваат должниците и нередовните плаќачи. Со ова се штити и  дистрибутивниот систем и оние корисници кои редовно плаќаат за потрошената електрична енергија, велат од ЕВН.

09.05.2014 - 13:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега