Управителка од Струмица не платила данок од 2,2 милиони денари

СВР Струмица поднесе кривична пријава против ДПТУ „М.К.“ ДООЕЛ увоз-извоз Ново Село и 42-годишната М.Ј. одговорно лице и управител на правното лице, за сторени кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“. 

Во периодот од 2011 до 2013 година, М.Ј. при деловното работење со пет правни субјекти не пресметала и не уплатила данок на додадена вредност во вкупен износ од 1.673.945 денари. Покрај ова, во периодот од 2011 до 2012 година, М.Ј. не пресметала и не уплатила данок на добивка во вкупен износ од 531.931 денар. Со ваквите дејствија го оштетила Буџетот на Р Македонија во вкупен износ од 2.205.876 денари.

09.05.2014 - 12:46
Фото: 
Нова Македонија
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа