Хаос во американските медиуми - CNN се демантираше бомбашот од Бостон не е уапсен

 

Американската телевизија Си-Ен-Ен (ЦНН) ја демантираше својата вест дека  Федерално истражно биро (ФБИ) го открила идентитетот на лицето кое оставило ранец со бомба на бостонскиот маратон и дека осомничениот е уапсен.

Си-Ен-Ен повикувајќи се на три различни извори јави дека не е откриен идентитетот на напаѓачот и оти никој не е уапсен.

Телевизијата наведе дека ФБИ само има фотографии и видео-снимки од местото на инцидентот.

ФБИ најави прес-конференција за пет часот по локално време.

Во бомбашкиот напад во Бостон во понеделникот загинаа три лица, а повеќе од 180 се повредени, од кои 17 се во критична здравствена состојба

Претходно веста ја пренесоа и Асошиејтед Прес, Бостон Глоуб и речи си сите локални бостонски медиуми. Грешката се оправдува со недоразбирање во комуникацијата со полицијата на Бостон. 

 

најчитано сега