„Домијада“ викендов традиционално во Струга

Под покровителство на Министерството за образование и наука на Република Македонија, од денеска до 26 мај во Струга ќе се одржи традиционалната манифестација „Домијада“.

Учесници ќе бидат претставници од студентските и ученичките домови, како и од домовите за деца со посебни образовни потреби. За нив, меѓу бројните активности ќе бидат организирани спортски натпревари, како и ликовна колонија и тркалезна маса.

Според најавите, на годинешната „Домијада“ ќе учествуваат и гости од регионот и Европа. Свеченото отварање на манифестацијата што ја организира Здружението на директори на ученички и студентски домови на Република Македонија е закажано за вечерва во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

ФОТО: Денешен

најчитано сега