Државни натпревари по македонски јазик за основци и средношколци
Државните натпревари по предметот македонски јазик и литература за основците и средношколците ќе се одржат овој месец - утре во Делчево е 26-тиот за средношколци, а на 17 мај во Просениково, Струмица, ќе се одржи 37-миот државен натпревар за ученици во основното образование.
Право да учествуваат стекнаа учениците кои освоија над 80 поени на општинските натпревари за основното образование. Тие се одржаа на 25 април во осум региони на територијата на Македонија и учествуваа вкупно 104 ученици.
Организатор на натпреварите е Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на РМ, како акредитирана институција од Министерството за образование и наука за ученичките натпревари по овој предмет. Сојузот оваа година одбележува 60 години од своето постоење и од излегувањето на првиот број на списанието „Литературен збор“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа