Три лица загинаа при уривање на хеликоптер

 

Три лица загинаа откако хеликоптер, кој превезувал работници кон нафтена платформа на руската компанија „Лукоил“, се урна вчера во водите на Атлантскиот Океан крај брегот на Гана.

Четворица патници се спасени, а едно лице се води како исчезнато. 

Како што соопшти управата за цивилна воздушна пловидба на Гана соопшти дека инцидентот се случил, откако хеликоптерот на ганската компанија „Волта Ривер Авиејшн“ полетал од западното пристаниште Такорад кон платформата „Џек Риаг“, во близина на наоѓалиштето Џубили.

Причината за несреќата засега не е позната.

09.05.2014 - 09:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега