Мизо: Казахстан може да привлече македонски компании и да инвестира во Македонија

Казахстан е една од најбрзо растечките земји во развој  и земја која без разлика на економската криза во изминатитепет години воопшто немаше намалување на нивниoт економски раст. Kако главна земја во Централна Азија таа е земја кoја го спојува северот и југот во Азија, но истовремено една многу важна спона и коридор, транпoртен коридор од Кина преку Казахстан, Русија до Западна Еропа, изјави директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони Виктор Мизо.

- Она што казахстанската економија може потенцијално да го нуди за Македонија се две различни компоненти. Прво, потенцијалот на македонски компании да настапат на нивниот локален пазар. Пред се, тука би биле градежните компании, но и фармацевтските компании. Од друга страна, тука се потенцијалите на нивниот државен фонд, кој разгледува кои се потенцијалните места за инвестирање, истакна Мизо.

- Нивниот фонд размислува на кој начин да ги оплоди парите, да ги дизерфецира оние  нивни богатства и начин на кој дури и кога ќе снема она што е нивно природно богатство ќе имаат начин нормално да ги оплодат парите и да имаат голема економска добивка, додаде Мизо.

ФОТО: Сител

најчитано сега