Заев: По победата на Конгресот ќе ве постројам како војска
Лидерот на СДСМ Зоран Заев очекува превирањата во партијата да запрат по партискиот Конгрес закажан за в недела. Во изјава за АлсатМ Заев вели дека Црвенковски има право на свој став, но дека тој не е член на Конгресот.
„Претседателот Црвеновски одлучи на четири дена пред изборите да го соопшти својот став. И тој е член на СДСМ има право на став како сите. Не е делегат на Конгрес. На конгресот конечната одлука ќе ја донесат делегатите. Јас го свакам како нормалана демократска дебата која опстојува дебатата во партијата се надевам дека нема да ги помине границите. Бидејќи преку медиумите не треба да се води.Треба да се води во органите на телата на партијата. Знам дека Црвенковски не член на органите и телата на партијата и еве нека е тоа кредибилитет за јавно соопштување на ставот“, вели Зоран Заев за Алсат.
Опозицискиот лидер порачува дека по победатана Конгресот сите во СДСМ ќе ги построи како војска.
„Истовремено знам дека таа дебата на таа тема завршува во недела, после тоа, престројување на сите во редовите. Исправени сме пред граѓаните и очекуваат истрајност во ботката против режимот. После конгресот сите единствено мора да продолжиме во оваа работа, без суети и без повредени души, или било што. Сите заедно да се престроиме како војска, затоа што народот од нас очекува реализација на онаа што се политики на СДСМ“, вели Заев за Алсат
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа