Син на еден градоначлник фрлил полицаец низ прозор

Синот на градоначлникот на Дубровник, Андре Валхушиќ, Фрањо фрлил полицаец низ стаклен ѕид. Како што пишуваат хрватските медиуми, синот на градоначлникот учествувал во тепачка во Загреб. По интервенција на полицијата тој заедно со уште неколку лица бил приведен во полициска станица. Во видо алкохолизирана состојба, Фрањо во полициската станица почнал да се расправа со полициските службеници. Во еден момент расправата ексалирала и Фрањо го бутнал полицискиот службеник низ стаклениот ѕид. Стаклото се скршило а полицаецот заработил сериозни повреди во вид на расекотини по што бил префрлен во болница.

 

Алкотестот покажал дека Фрањо бил со многу пијан. Во неговата крв имало повеќе од 2 промили алкохол

08.05.2014 - 16:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега