Украински специјални сили упаднаа во зградата на градскиот совет во Мариупол

 

Украински специјални единици упаднаа во зградата на градскиот совет во Мариупол, Доњецка област, соопшти прес-центарот на прорурските сепаратисти.

Од прес-центарот истакнаа дека сепаратистите ги држат позициите, Тие запалиле барикади од автомобилски гуми. Сообраќајот по околните улици, меѓутоа, не е запрен.

Градскиот совет во Мариупол во изминатите два дена минуваше под контрола и на украинската армија, и на проруските сепаратисти. Во изминатата ноќ командоси од украинската специјална единица „Омега“ упаднале во зградата и употребиле непознат отровен гас.

- Во зградата имаше 60 лица. Седумнаесет беа парализирани, и не можеа да излезат, соопштија од прес-центарот на сепаратистите

08.05.2014 - 14:56
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега