Премиерот Груевски се сретна со Јеремиќ

 

Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, вчера оствари куса средба со претседателот на 67-то заседание на Генералното собрание на Обединетите Нации, Вук Јеремиќ.

„Премиерот Никола Груевски ја истакна важноста од размената на искуства, и фактот дека ваквите настани се добра можност за запознавање на соговорниците и учесниците со процесите и глобалните економски трендови. Истовремено, премиерот Груевски истакна дека таквата партиципација дава шанса за промоција на потенцијалите, капацитетите и реформите кои ги прават државите за зголемување на инвестициската активност и привлекување на странски капитал. За Република Македонија овој сегмент е исклучително значаен, бидејќи ваквиот форум е добра можност на едно место да се сретнат стопанственици на водечки компании и конзорциуми, научници и нобеловци од сферата на економијата, да се оствари контакт со нив и да се промовираат реформите и потенцијалите кои се нудат за инвестирање“, стои во соопштението.

еремиќ го искажал задоволството од учеството на Република Македонија на економскиот форум во Астана.

ФОТО: Денешен

најчитано сега