ВИДЕО/ФОТО: За да заработи како него, просечен Хрват треба да работи 281,000 години

Педесет и шест годишниот менаџер од САД Давид Тепер минатата година заработил 2,5 милијарди евра (околу 19 милијарди куни) односно секој ден во просек заработувал по седум милиони евра (околу 53 милиони куни) пишува Frankfurter Allgemeine Zeitung кој се повикува на американскиот портал Alpha. 

Тој се занимава со хедџ фондови односно посебен вид на инвестициски фондови. Инструментите на хеџ фондовите во принцип се регрутирачки работни позиции претопени во хартии од вредност. Всушност станува збор за купување на нешто во иднина по цена договорена во сегашноста.

Тепер кој е во брак со сопругата Марлен цели 28 години и имаат три деца, е основач на Hedgefonds Appaloosa Managementa кој има акции во Google и Ситигруп. Тепер своето богатство го заработил со ризични шпекулации и е еден од оние луѓе кои годишно заработуваат најмногу пари на светот. По банкротот на американската инвестициска банка Lehman Brothers Тепер погоди дека државата ќе ги спасува другите банки кои се во проблеми и преку шпекулациите на банкарите заработил милијарди. 

Еден просечен хрватски работник за да ги заработи овие пари ќе треба да работи 281.000 години.

За споредба просечен германски работник кој годишно заработува околу 30.000 евра треба да работи 83.000 години за да ја заработи годишната плата на Тепер. Хрватската пак просечна нето плата во минатата година изнесувала 5634 куни. Според тој податок просечниот хрватски работник годишно заработува околу 67.608 куни. Тој пак за да ја заработи годишната плата треба да работи околу 281.000 години. 

 

08.05.2014 - 14:45
Фото: 
08.05.2014 - 14:34
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега