ФОТО: На Путин му се најголеми: Руската воена парада ја збесна Германија
Рускиот претседател Владимир Путин во петок на 69 годишнината на победата над нацизмот, со воена парада ќе ги покаже мускулите и ќе им испрати порака на САД и НАТО.
Над Московскиот Црвен Плоштад ќе надлетаат 69 авиони, и хеликоптери, и ќе измаршираат 11.000 војници со пропратени со ракети, тенкови и оклопни возила.
Русите годишнината ќе ја слават во Севастополе.
Ќе се провозат и интерконтиненталните балистички ракети од системот Топољ, чиј модел Топољ RS-12M успешно пробно ќе го лансираат во екот на украинската криза. Русите победата над нацистичка Германија ќе прослават и уште во 23 главни градови, меѓу кои и во Севастопољ, град кој беше припоен во текот на кризата на Крим, по успешниот референдум на Русите кој живеат во тој предел.
За прв пат во исотијата Денот на победата ќе се одржи и во Креч на истокот на Крим.
„Голема срамота е ако на ваков ден се одржи парадата во вакво конфликтно подрачје“, смета германската канцеларка Ангела Меркел.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу претходно изјави дека годинашната прослава има важно политичко значење нагласувајќи ја потребата да му покажат на светот дека Русија има нулта толеранција за фашизам“.
Русија неодамнешната прозападна интервенција во Украина, по што мораше да се повлече дотогашниот претседател Виктор јануковиќ, го опиша како фашистички пуч, и воено превземање на власта. Украина на 25 мај го избра својот нов претседател. Рускиот министер за надворешни работи ја отфрли можноста за нови преговори во Женева ако Украина не сака да учествува во прорусктие групи.
Смета дека е необично да се одржат избори, додека на народот му се испраќа војска.
НАТО размислува да испрати трупи на истокот на Украина
Украина е подготвена на нови преговори ако Москва ги поддржи изборите. Поради зголемените тензии НАТО размискува да испрати трупи на истокот на Украина. Силите на НАТО а кои во моментов се во Украина ќе останат до крајот на годината, а сега се размислува за постојан ангажман. Во меѓувреме конфликтот во истокот на Украина продолжува. Проруските бунтовници во Славјанс ја обвинија украинската војска дека го опколила градот за на цивилите да не им овозможи да избегаат.
„Се сомневаме дека се работи за припадниците на ултрадесничарското движење, но не можеме да докажеме“, изјавил претседателот на бунтовниците. Наредбодавачот на силите на таканаречената Република Доњецк Игор Стрелков изјави дека околу градот се распоредени „тенковски бригади“ од 30 возила и ракетни фрлачи. Тврди дека жителите на Славјанск, кога нападот ќе почне „ќе живеат тешко но не и вечно“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа