Тешка сообраќајка на Илинденска во Скопје - сообраќајот блокиран

Во моментов сообраќајот на булеварот “Илинден“ е блокиран откако пред околу 20 минути се случи страотен судар меѓу две возила.

Како што јавува Сител на булеварот непосредно покрај скопската Зоолошка Градина се судриле “Мицубиши Колт“  со скопски регистерски таблички и “Форд Фокус“ со странска регистрација. Во сообраќајката има и повредени, но се уште нема официјална потврда за тоа како дошло до страотниот судар и колку настрадани има.

На целиот простор пред зоолошката градина има расфрлано стакло и парчиња од двата автомобили.

Во тек е полицискиот увид.

08.05.2014 - 14:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа