Истражување: Американците мислат дека исчезнатиот Боинг го киднапирале вонземјани!

 

Еден од десетина Американци веруваат дека вонземјани се вмешани во киднапирањето на исчезнатиот Малезиски Ерлајнс. Според истражувањето, девет проценти од Америкацните, се уверени дека вонзмејани или суштества од друга димензија“ се главните виновници за мистериозното исчезнување на авионот“, пренесува Дејли Мејл. 

Истражувањето во САД го спроведе Си-Ен-Ен, а според тие информации 79% од луѓето веруваат дека нема преживеани од патничкиот авион. Од нив 57% веруваат дека авионот се срушил поради оштетениот мотор. Четвртина од испитаниците пак се уверени дека исчезнувањето е поврзано со екипажот. 

Авионот на летот MH370 исчезна на 8 март годинава, а во него имале 239 патници. Потрагата по истиот се уште трае. 

 

 

08.05.2014 - 13:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега