Големи штети од поплавите во Република Српска

Штетите врз земјоделските површини во Република Српска според првичните оценки изнесуваат неколку десетици милиони евра, изјави министерот за земјоделство на РС, Стево Мирјаниќ.

Тој истакна дека засега е познато дека реколтата од зрнестите култури и зеленчуците ќе биде речиси преполовена, што ќе доведе до зголемување на цените на главните прехранбени продукти, како лебот, зеленчуците и месото. 

- Повеќе информации ќе имаме по повлекувањето на водата од зафатените површини и внимателен преглед на посевите со пченка, истакна Мирјаниќ. 

08.05.2014 - 13:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега