ФОТО: Зградата на ЕВН и ЕЛЕМ ќе добие нов лик - еве како ќе изгледа

Автентичната стаклена фасада на седиштето на ЕВН и ЕЛЕМ во центарот на Скопје заминува во историјата. Деновиве почна поставувањето на заштитна ограда околу градилиштето, на кое оперативата на скопски „Бетон“ во наредните 15 месеци ќе го менува препознатливиот модернистички белег во главниот град. Предвидено е објектот да се преслече во согласност со неокласицистичко идејно решение, и со тоа да биде во склад со околните објекти изградени во рамките на владиниот проект „Скопје 2014“. Покрај промена на стаклената фасада, со проектот е предвидено да се запазат мерките за енергетска ефикасност, но и да се добие дополнителен простор за потребите на двете компании. Зафатот ќе чини 4,3 милиони евра, пишува Билд.

08.05.2014 - 12:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега