Уапсен поранашен италијански министер
Поранешниот италијански министер во Владата на Силвио Берлускони, Клаудио Скајола е уапсен под обвинение за помагање на италијанскиот бизнисмен Амедеу Матачени, кој е осуден за мафијашко здружување, соопшти денеска Јавното обвинителство на Италија.
Матачени, кој беше пратеник од редовите на партијата на Берлускони, побегна од Италија со цел да избегне петгодишна затворска казна, на која беше осуден минатата година.
Скајола е уапсен денеска во луксузен хотел во Рим.
Берлускони изјави дека е погоден од апсењето на Скајола, кој во 2010 година поднесе оставка на функцијата министер за индустрија, поради обвинение дека платил под пазарната цена луксузен стан со поглед на Колосеумот во Рим, но подоцна беше ослободен од овие обвиненија за незаконски активности
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа