ДУИ: Не сме разговорале за Претседател на Собранието

 

ДУИ ги демантира информации објавени во медиумите дека со ВМРО-ДПМНЕ разговарале за распределбата на ресори. Во писмено соопштение од партијата велат дека до овој момент, се преговара за услогласување на предизборните платформи, а точката распределба на ресори се уште не е дојдена на дневен ред.

„Последните денови по медиумите, порталите и разни политички кругови  се појавија шпекулации во однос на преговарачката позиција на ДУИ како победничка партија во албанскиот политички камп во преговорите со победникот од македонскиот политички блок,  ВМРО ДПМНЕ.

ДУИ објаснува на јавноста дека шпекулациите за тоа кои се ставовите  на ДУИ во преговорите и за  поделбата на ресорите се неиздржливи и злонамерни.

Преговарачките екипи се сеуште во првата фаза од преговорите, онаа на усогласување на изборните платформи на двете политички партии за евентуално заедничко владеење, фаза која претходи на останатите две:  а тоа се принципи на заедничко владеење и прашања за ресори“ - стои во соопштението од ДУИ

08.05.2014 - 12:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега