Со секира ограбувале бензинска во Велес - вработениот ги исплашил па побегнале

На автопатот Скопје-Гевгелија во близина на село Башино, велешко во бензинската пумпа на „Макпетрол“ утринава околу 3:00 часот две маскирани лица со закана со нож и секира се обиделе да извршат разбојништво над вработениот во пумпата, а откако им се спротивставил се дале во бегство. По преземени мерки во Полициска станица Велес е задржан Л.Т.(20) од Велес, се преземаат мерки за пронаоѓање и на другото лице. По целосно документирање на случајот од МВР најавуваатсоодветна пријава.

08.05.2014 - 11:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега