На интеренет се продава алат за крадци со упатство - легално

 

Секој купувач на алат добива и упатство за употреба, а полицијата вели дека по закон се немоќни да го оскоренат ваквиот тип на продажба. Со купувањето клиентот уредно си добива сметка, а робата му стигнува од Бон за десет дена по уплатата. Германска фирма има сајт на српски јазик и нашите работници се задолжени да на заинтересираните продавачи им ги доближат своите производи.

Така меѓу останатото, се продаваат специјални самоподесувачки клучеви, за каса за брави, или блинд врати. Потоа кршачи за цилиндри брави, комплети за таканаречени џиг клучеви, бампинг кључеви, декодери или алат за скенирање на клучеви.  

Секој предмет од овој алат може да се искористи за обивање на врата или прозор, па оттука лоповите душа даваат за истиот. 

Германската фирма најпрво ги поделила своите каталози со сите познати бравари во градот за да потоа се јават голем број на заинтересирани купци. 

На насловната страна на каталогот стој „Професионални специјални алати за сервиси за клучеви, и давање на целосна услуга“. 

Од оваа компанија веќе размислуваат да отворат и своја продавница во градот. 

Со продажбата клиентите уредно си добиваат сметки, а робата исклучиво стигнува од Бон.

 

 

 

08.05.2014 - 11:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега