Голема експлозија во центарот на Алепо

 

Во голема експлозија во центарот на Алепо со земја се срамнети еден хотел и уште неколку згради, јави денеска сириската државна телевизија.

Очевидци за „Шем њуз нетворк“ изјавиле декадошло до експлозија  во хотел во Алепо во кој се наоѓале владини сили.

Според извештајот на сириската телевизија, станува збор за хотелот „Карлтон“.

Засега не се познати причините за експлозијата, а нема податоци ни за жртви.

Алепо е најголемиот град во Сирија и поранешен комерцијален центар на земјата.

08.05.2014 - 11:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега