Ако ви е мил животот не патувајте на овие места - ова се 7-те најопасни градови во светот

Kenija, masakr

Иако никаде на светот не сте 100% безбедни, некои градови поради одредени причини се навистина поопасни од останатите.

Патувањето по светот е најчесто незаборавно искуство, но тоа многу лесно се претвора во најлош ноќен кошмар. Иако никаде на светот не сте 100% сигурни, па ни во сопствениот дом, некои градови поради одредени причини се поопасни од останатите.

Еве ви листа на 7 најопасни градови на светот.

1. Баркисименто, Венецуела

Иако бројот на жители е нешто поголем од милион, што за латиноамериканска земја е доста мал, во овој град секојдневно се случува некој кримиал. Убиства на улиците овде се случуваат како да кажеш „добар ден“, а иако во минатото била популарна туристичка дестинација, сега туристите се повеќе ја избегнуваат. 

2. Пешавар, Пакистан

Овој град според многумина е еден од најопасните во светот, а причината за тоа се разните племиња кои меѓусебно се борат за опстанок. Со самото тоа сите туристи се мета на сите криминалци. Поради тоа што никој не сака да биде жртва на киднапирање, силување, убиство... Советот е едноставен - немојте да одите во Пешавар. 

3. Сана, Јемен

Јемен е една од оние држави кои и не е баш најстабилна, па прашање е кој ќе може да ви помогне да се извлечете ако упаднет во некоја неволја. Ако веќе идете во овој град немојте да ја пропуштите преубавата архитектура. Се разбира организирајте си тура само преку ден. 

4. Акапулко, Мексико

Знаете сигурно за ова преубаво туристичко место во Мексико во кое барем еден ваш омилен лик од сапуниците отишол на летување. Но, лошата страна, која не сте можеле да ја запознаете во сериите, е дека во тој град врие од банди и картели кои најверојатно ќе ве убијат ако им згазнете на жуљ. 

5. Масеио, Бразил

Знаете ли дека во Бразил има дури 14 градови кое се меѓу најопасните во светот? Масеио е еден од нив со преку 135 убиства годишно на 100.000 жители. Овој град е поопасен и од Рио де Женеиро, кој е познат како несигурен град. 

6. Могадишу, Сомалија

Ако идете во Сомалија - дали со брод, возило, воз или автобус, големи се шанисте да ве киднапираат. Во суштина немате шанси да бидете на сигурно било каде во оваа земја, така да добро размислете дали сакате воопшто да отпатувате во Сомалија. 

7. Најбори, Кенија

Денеска Најроби финансиски и политички е еден од највлијателните градови во Африка. Во него свое седиште имаат многу фирми и организации вклучително и главниот штаб на ОН во Африка. Но Најроби не е сигурен град. Така да памет во глава, држете се до водичот и не истакнувајте се со големите фотоапарати и шешири... Всушност не истакнувајте се со било што. 

08.05.2014 - 11:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега