ВИДЕО: Стигна засилувањето - Американската војска добива вистински трансформер

 

По слетувањето се претвара во теретни камион кој е опремен за движење по стрмни и груби терени.

Crni tranformer foto Youtube

Возилото кое е направено за повеќе намени, е наречено мултикоптер, а дизајнирано е за превоз на намирници и извлекување на ранети од тешко пристапни и опасни подрачја. 

Се вика „Блек Најт Трансформер“, а го смислила воздушната компанија Адванс Тактикс со финансиска помош на американската војска. На тест возењето излета на висина од четири метри, но, инаку е способен да лета на многу поголеми висина и тоа додека носи максималано 1800 килограми на било каков терет. 

По слетувањето се претвата во теретен камион кој е опремен за движење по стрмни и груби терени. 

Од споменатата копманија порачаа дека се задоволни до финалниот производ и нагласуваат како ова ќе биде мултифункционално превозно средство и истото значително ќе им го олесни движењето на војската по терените кои се тешко пристапни. 

.

08.05.2014 - 11:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега