Москва: Во НАТО имаат проблеми со видот
Руското Министерство за надворешни работи објави дека генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен „има проблеми со видот“.
Како што јави ИТАР-ТАСС ваквата „дијагноза“, кој беше поставена преку Твитер профилот на Министерствoто, уследи по изјавата на Расмусен дека НАТО „не гледа никакви знаци дека руските војници се повлекуваат од украинската граница“.
Министерството за надворешни работи на Руската Федерација на тоа одговори: „На слепите им препорачуваме да се запознаат со изјавата на рускиот претседател од 7 мај“.
Владимир Путин вчера изјави дека Русија ги повлекува своите војници од границата со Украина, каде според оценките на НАТО од крајот на април има 40.000 руски војници.
- Постојано се велеше дека нашите војници на украинската граница предизвикуваат грижи. Денес тие повеќе не се на украинската граница, туку на места каде ги спроведуваат вообичаените вежби и тренинзи, изјави рускиот претседател
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа