ВИДЕО: Срце да ти застане - мајка си ги фрли ќерките од прозор за да ги спаси од пожарот
Очајна мајка од Енергетика во Русија успеа да ги спаси четиригодишната ќерка Вања и тринаесет годишната Наталија од сигурна смрт во огнената стихија фрлајќи го од прозорот од зградата која горела!
Девојчињата преживеале благодарение на комшиите кои ги дочекале со раширени чаршафи кои го ублажиле нивниот пад.
Очајната Мила Аксакова (36) во тој момент немала избор затоа што огнот го блокирал излезот од станот на 4 спрта па по неколку моменти ја одбрала најстрашната можнот - да ги спаси од сигурна смрт фрлајќи ги низ прозор надевајќи се дека ќе преживеат.
Комшиите реагирале молкавично, ги донеле чаршафите ги рашириле под прозорот на зградата во пламен додека останатите го снимале овој неверојатен пад.
И малата Вања и постарата Наталија се добро, како и нивната мајка до која противпожарникарите стигнаа да ја спасат во последен час.
Од зградата биле евакуирани 140 станари, а истрагата за пожарот кој настанал во приземјето е во тек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа