Продолжуваат немирите во Стокхолм

Најмалку девет автомобили изгореа, а во две училишта и една полициска станица  бил подметнат пожар во петтата ноќ по ред немири во сиромашните предградија на Стокхолм, населени претежно со странци.

Осум луѓе се приведени поради инцидентите, во кои нема повредени.

 

Во Ринкеби изгореа шест автомобили, а три беа запалениво Норсборг.

 

Пожарот во полициската станица Елвшо брзо бил изгаснат.

 

Две училишта во Тенста и Чиста, во близина на Хусби, откаде почнаа немирите, исто така беа запалени, но пожарот за кратко време беше изгаснат.

 

Во Содертале и синоќа биле фрлани камења врз полицијата.

Немирите во стокхолмската населба Хусби започнаа во неделата кога 40-ина млади лица почнале да палат автомобили и фрлаат камења кон полицијата. Како причина за избувнување на немирите се наведува убиството на еден 69-годишен маж во Хусби минатиот понеделник.

најчитано сега