Удрил во бетонски столб - 19 годишно момче загина во сообраќајка пред Струга

Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајната незгода што се случи синоќа во 22 часот и 50 минути на регионалниот пат Струга-Дебар кај струшкото село Велешта.

Во несреќата, 19-годишниот Ветон Ш.  од струшкото село Горно Татеши на лице место им подлегнал на повредите, а повреден е и неговиот сопатник, 18-годишниот  Б.А. од Горно Татеши.

-Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот управувајќи патничко моторно возило марка „Опел вектра“, поради неприлагодена брзина изгубил контрола и излетал најнапред на левата страна на коловозот, а откако го вратил возилото на коловоз повторно излетал на десната страна удирајќи во бетонски електричен столб, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
   
На местото на тешката сообраќајна незгода е извршен увид во присуство на јавен обвинител од Основниот суд во Струга како и полициски екипи од струшката полициска станица за безбедност во патниот сообраќај.

08.05.2014 - 10:29
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега