Рибери: Прејаки сме за Борусија Дортмунд

Фудбалерот од средниот ред на Баерн Минхен Франк Рибери, изјави дека неговиот тим едноставно е пресилен за ривалот Борусија Дортмунд.

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд утревечер од 20 и 45, на Вембли во Лондон, ќе се борат за титулата во финалето на елитниот континентален фудбалски ранг.

„Бев импресиониран од тоа што Борусија Дортмунд успеа да се справи со Реал Мадрид во полуфиналето, меѓутоа ние размислуваме само за себе. Доколку бидеме подготвени и дадеме 100 проценти од она кое што го можеме, ќе излеземе како победници“, вели Рибери.

Неговиот соиграч, Хрватот Марио Манџукиќ нагласи дека едвај чека да го исполни својот сон во мечот над мечевите.

„Не можам да дочекам пресметката да почне. Од моментот кога прв пат шутнав топка, сонувам да играм финале во Лигата на шампионите и сонував дека тоа ќе се случи токму на Вембли. Сега, желбата ми се исполнува“, заклучи Манџукиќ.

најчитано сега