Кој пие а кој плаќа во СДСМ?

 

Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, актуелниот прв човек на социјалдемократите Зоран Заев и претседателскиот кандидат на најголемата опозициска партија, Стево Пендаровски денеска се запплеткаа во сопствените лаги и местенки. Кој од тројцата ја говори вистината, а кој лаже е тешко да се претпостави затоа што во минатото сите тројца имале контроверзни изјави за кои подонца се покажало дека не се вистина, анализира Курир.

koj-laze-500

На неколку дена пред конгресот на СДСМ се случува хаос во најголемата опозициска партија. Поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски во денешното интервју за Дојче Веле излезе со тврдење дека не разговарал со Стево Пендаровски на темата дали претседателскиот кандидат на СДСМ сака да застане на чело на апртијата.

-Не сум разговарал, ниту имам право на тоа. Тоа е задача на најодговорните луѓе во партијата, а конечната одлука им припаѓа на делегатите на конгресот. Но, познавајќи го долго време и имајќи ја предвид неговата јавно дадена изјава по изборите, дека е решен да остане до крај во првите редови во битката против оваа власт, убеден сум дека ако му биде дадена таква понуда, тој ќе ја прифати, вели Црвенковски во интервјуто за ДВ.

Веднаш по интервјуто на неговиот претходник, Зоран Заев во изјава за порталот Плусинфо вели дека тој зборувал со Пендаровски кој му кажал дека разговарал со Црвенковски, но претседателскиот кандидат на СДСМ го одбил.

-Денеска, после објавеното интервју на Црвенковски веднаш го повикав Пендаровски да го прашам дали има промена во неговиот став и дали размислувањата на Црвенковски се темелат на некави сознанија добиени од него. Стево уште еднаш, јасно и недвосмислено ми потврди дека воопшто не размислува за некаков партиски ангажман, а најмалку пак за функцијата претседател на СДСМ. И денеска повтори дека целосно останува заедно со партиското раководство да ја води битката против оваа власт. Ме информираше дека Црвенковски разговарал со него, но дека и нему му го пренесол истиот овој став уште во текот на вчерашниот ден. Зошто Црвенковски денеска изјавува дека воопшто не разговарал со Пендаровски, треба да и објасни на македонската јавност. Верувам дека Стево Пендаровски ваквиот негов став и лично ќе и го соопшти на јавноста, вели Заев.

По ваквата изјава на Заев се огласи и Стево Пендаровски, кој пак вели дека ниту со Заев, ниту пак со Црвенковски разговарал за негов иден политички ангажман.

- Сакам јавно да изјавам дека во изминатите неколку дена, вклучително и денеска, не сум имал средба ни со Заев ни со Црвенковски, ниту пак некакви разговори за мој иден политички ангажман, вели Пендаровски за Либертас.

Бранко Црвенковски, Зоран Заев и Стево Пендаровски се заплеткаа во сопствените лаги и местенки. Од сето ова може да се заклучи дека во оваа ситуација најмалку двајца лажат, но не се исклучува и сите тројца да лажат. Кој од тројцата ја говори вистината, а кој лаже е тешко да се претпостави затоа што во минатото сите тројца имале контроверзни изјави за кои подонца се покажало дека не се вистина.

СДСМ ја продолжува политиката на лаги, интриги и сплеткарања, наместо труд, работа и збор кој вреди, што според познавачите е една од главните причини за катастрофалните порази кои ги претрпува најголемата опозициска партија.

07.05.2014 - 21:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега