Кој да стане пратеник: Громовци се направија лом за едниот мандат

Караница за едниот пратенички мандат во ГРОМ. Драгиша Милетиќ денеска се пожали дека и покрај договорот Чедомир Саздовски да му го ослободи пратеничкото место, Саздовски на крајот се премислил.

-Тоа беше таков договор и Чедомир Саздовски тоа го рече пред извршниот одбор и тоа одлучно и отсечно дека ако излезе прв ќе се повлече, меѓутоа си го промени мислењето и сум зачуден затоа што спортисти си држат збор, а тој се прокламира како голем спортист, рече Драгиша Милетиќ за Телма телевизија.

07.05.2014 - 20:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега