Путин: Кризата во Украина може да заврши, ако Киев ги прекине военитe операции

Кризата во Украина може да заврши, ако централната власт во Киев ги прекине воените операции во источниот дел на земјата по одложувањето на најавениот од проруските сепаратисти референдум за независност на т.н. Доњецка народна република, изјави портпаролто на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Претходно денеска Путин повика за одложување на референдумот. Проруските сепаратисти во Источна Украина, најавија дека утре ќе разговараат за предлогот.

Ако проруските сепаратисти го послушаат повикот на Путин за одложување на референдумот и ако Киев ги прекине сите воени операции и преземе чекори за започнување на дијалог, тоа може да ја извади Украина од сегашната ситуација, изјави Песков.

07.05.2014 - 20:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега