Африканските племиња ја имаат најдобрата казна во цел свет!

Доколку се случи некои од припадниците на африканското племе да направи нешто погрешно, или лошо, тие не ја осудуваат таа личност. Токму спротивното, се трудат да му помогнат, да му олеснат и да го потсетат колку навистина тој вреди, и сето тоа на еден специфичен начин. 

Они доаѓаат по личноста која згрешила, ја носат во центарот во селото, каде потоа се собира цело племе и наредните два дена сите разговараат со таа личност за сето добро што го постигнала и го направила во животот. 

Ова необично племе верува дека секое човечко битие се раѓа како добро, и дека секој од нас во суштна сака сигурност, мир среќа и љубов. Но, понекогаш во потрагата по овие благослови луѓето прават грешки кои оваа заедница ги гледа како повик за помош на оној кој ги прави. Поради тоа тие се обединуваат во намерата да го охрабрат подигнат и повторно да го поврзат со неговата вистинска природа и да го потсетат на она што навистина е! Тие на својот близок му помагаат се додека не ја сфати вистината на која заборавил додека грешел, а гласи „Јас сум добар“.

"Shikoba Nabajyotisaikia" е еден од поздравите кои отсекогаш живеел во ова племе. Тоа е комплимент кој е чест во Јужна Африка, а значи „Јас те почитувам, јас те негувам, Ми значиш!. Како одговор љуѓето обично изговараат "SHIKOBA" што во превод значи „Јас стојам зад тебе“.

 

 
07.05.2014 - 19:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега