Барала отштета од умреното момче кое го прегазила

Канаѓанката Шарлин Сајмон (42) поднесе тужба на суд, барајќи отштета од еден тинејџер од околината на Торонто, кого таа го усмрти со својот автомобил.

Во октомври 2012 година, Сајмон возејќи се своето визило низ улиците на овој канадски град, налетатала на Брендон Мајевски (17) и на неговите двајца другари, додека заедно се возеле со своите велосипеди.

Од тешките повреди, момчето по неколку денови, починало во болницата, а неговите другари, кои беа повредени во несреќата, морале да останат на лекување извесно време во болница.

Полицијата утврди дека Сајмон возела 90 километри на час, на делот од патот каде било дозволено 80 километри, а таа самата призна дека не ги забележила момчињата, но жената сега бара од својата жртва 1,3 милиони долари отшетата, поради, како што вели, „емоционалниота траума и стресот на кој е изложена по несреќата“.

Во својата тужба, Сајмон вели дека морала да се одлучи на еден ваков чекор затоа што има „здобиено тешки и трајни повреди кои ги погодуваат нејзините физички, ментални и психички функции“.

Во несреќата таа нема никакави повреди, а на нејзиниот автомобил се оптетени само ветробранот, предното стакло и браникот. Но таа го обвинува Мајевски, како и другите две момчиња, дека тие биле „немарни“ и ги обвинува оти не се „способни да бидат велосипедисти“.

Сајмон, затоа, поднесе тужба и против двете преживеани момчиња, но и против родителите на Мајевски, како и против братот на жртвата.

Адвокатот на семејството на Брендон Мајевски изјави дека е вчудоневиден од тужбата на Шарлин Сајмон.

- Откако се занимавам со адвокатура, досега не сум доживеал некој да го тужи детето кое е убиено, изјави адвокатот Брајан Камерон.

Тој соопшти дека поднел контра тужба против Сајмон, тврдејќи дека таа возела пребрзо и била невнимателна, затоа што можеби била под дејство на алкохол, или затоа што во текот на возењето го користела својот мобилен телефон.

07.05.2014 - 18:48
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега