Државна делегација предводена од Вељановски на молебен на гробот на Св.Кирил

Молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“ ќе се одржи денеска, како централен настан во рамки на чествувањето на Денот на просветителите Кирил и Методиј.

Македонска државна и црковна делегација, годинава ја предводи претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, кој синоќа ја отвори манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, јави известувачот на МИА.

Потоа македонската делагација ќе биде примена од папата Франциск. Претседателот на Собранието Вељаноски и собраниската делегација ќе се сретнат со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Тарчисио Бертоне.

Поклонението на гробот на Свети Кирил во Рим е централниот настан во чествувањето на Денот на просветителите Кирил и Методиј. Првпат е организирано во 1969 година за 1100 години од смртта на Свети Кирил и оттогаш секоја година на 24 Мај се одбележува со највисоки почести од црковно-државна делегација. Традиционално, 24 Мај беше Ден само на образовните институции и просветните работници, а од 2007 година тој е и државен празник на Република Македонија.

Годинава се одбележуваат 1144. години од смртта на сесловенскиот просветител Свети Кирил.

ФОТО: 24 вести