Работи за кои мажите воопшто не мислат кога гледаат гола жена

Жените премногу се грижат како изгледаат голи во кревет и забораваат да се препуштат на чувствата, а што е уште поважно, мажите воопшто не размислуваат на такви работи за време на сексот.

За тоа што мажот никогаш нема да помисли или да го каже, открива сексологот Џоан Прајс. Според нејзиното долгогодишно искуство, жените се премногу оптеретени и постојано мислат на своите недостатоци.

Мажите за време на сексот никогаш нема да ги забележат или кажат овие работи:

1. Имаш многу брчки…
2. Би била поубава доколку изгубиш неколку килограми.
3. Во облека изгледаш помлада.
4. Повеќе ме привлекува поцврсто тело и поголеми гради.
5. Морам веднаш да одам, се сетив дека треба нешто да направам.

Наместо овие реченици, мажот прво ќе помисли колку е среќен што ќе има секс!

Прајс истакнува дека мажените жени забораваат како и нивниот партнер се променил во текот на годините, а она што го сакаат од сопругата е секс кој ќе биде една од главните причини за квалитетна врска или брак.

Исто така, таа советува дека наместо прашањето “Дали изгледам дебело?” жените треба да го прашуваат партнерот кој им е најсекси дел од нивното тело.

Мажот од друга страна, треба да има повеќе разбирање за женската несигурност и на глас да каже ако мисли дека некој дел на партнерката му е особено привлечен. Малите комплименти можат да ѝ помогнат на жената да се чувствува посекси и посигурна во креветот.

Извор: The Men

07.05.2014 - 15:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега