Поранешната сопруга на мојот маж ќе го роди моето бебе- исповед на една жена болна од рак

27- годишната Ребека Хенкис ја изгубила волјата за живот откако и бил дијагностициран рак додека со својот сопруг се обидувале да остане трудна и да роди бебе. Ребека имала рак на матката и пред да започне со лечење таа земала ембриони и ги замрзнала.

Ребека и нејзиниот сопруг година дена се обидувале да добијат бебе, но приметиле дека таа псоле сексуалниот однос крвари и тогаш ситуацијата станала сомнителна. Ребека побарала мислење од доктор каде и бил дијагностициран рак на матката.

"Бев очајна. Многу факти укажуваа на тоа дека нема да можам да имам дете. Морав да одам на хемотерапија и на операција при која беа отстранети некои од моите лимфни јазли ", вели Ребека која очајно сака своето дете.

Како резултат на радиотерапија,  и беше кажано дека таа не ќе може да остане бремена па поради тоа Ребека замрзнала неколку свои ембриони.

Поранешната сопруга на нејзиниот сегашен сопруг веќе има едно дете,  па гледајќи ја Ребека како се мачи и страда и понудила таа  да и биде сурогат мајка.

 

"Гледав низ каков пекол поминува и колку и е важно да има деца, па одлучив да го направам тоа за нив и решив да бидам сурогат мајка- рекла Џули поранешната сопруга на Том.

07.05.2014 - 15:17
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега