Црвенковски пресече: Пендаровски да биде Претседател на СДСМ

 

Поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски смета дека Пендаровски бил бил најдобро решение за нов претседател на СДСМ, на местото на Зоран Заев. Црвенковски во интервјуто за Дојче Веле веќе го предложи кандидатот на СДСМ за Претседател на Македонија да ја води партијата. 

„Се разбира дека има. Нема да лицитирам со повеќе имиња. Во оваа прилика само би го споменал нашиот претседателски кандидат Стево Пендаровски. Неговиот изборен резултат од 400.000 гласови, под еднакво нерегуларни изборни услови, наспроти 280.000 гласови за пратеничката листа на СДСМ со коалицијата, говори за кредибилитет кој мора да се респектира. ВМРО-ДПМНЕ и покрај сите напори и огромни потрошени пари, не успеа да реализира ефикасна негативна кампања против Пендаровски. Неговата беспрекорна биографија не им остави простор за тоа. Пендаровски не бил и не е дел од какви било партиски поделби, што би му дало одлична стартна основа за внатрешно помирување и обединување на партијата“ - вели Црвенковски во интервју за Дојче Веле.

За ваков развој на настаните Press24 пишуваше уште на крајот на февруари, кога СДСМ го промовираше за кандидат за Претседател. 

07.05.2014 - 14:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега