Никогаш не бараше помош самиот се бореше за парче леб- погребан таткото на осум деца кој се самоуби

49- годишниот  Драган Арнаутовиќ татко на осум малолетни деца кој во неделата попладне изврши самоубиство со ловечка пушка, е погребан вчера во родниот крај. Освен децата, неговата сопруга и мајката во вениот дом го испратија и роднините , другарите и ловците кои за него имаа само пофални зборови. Тие велат дека тој многу се трудел во животот и макотрпно работел за да го издржува своето семејство но на крајот попуштил пред сиромаштијата и отказот од работа.

 „Никогаш не побара помош од државата, самиот се бореше за се, но не успеа да се избори со сиромаштијата, велат роднините на Драган.

 

 

-Се бореше со немаштијата, работеше, ништо не му беше тешко да направи само за да заработи пари за неговаата фамилија. Ја обработуваше земјата беше голем работник и прекрасен татко, но за жал немаа редовни примања. Секој месец требаше да обезбеди средства за живот и школување на неговите деца. Многу работа, труд а приходни немаше од никаде но сепак не сакаше да побара помош од државата- вели еден од неговите блиски роднини. 

07.05.2014 - 14:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега