И тоа се случува: Сака да се венча со компјутерот

Марк Севиер од Флорида, прво го тужеше произведувачот на компјутер, затоа што му продал уред, поради кој станал зависник од порнографија, но сега во тој компјутер се вљубил, па бракот се наметна како логичен следен чекор.

Сега тој бара од државата да му дозволи да се венча со истиот тој порно компјутер.

Фластите во Флорида одлучуваат дали ќе дозволат склучување на истополови бракови склучени во други држави, а расправата ја искористи Севиер, кој поднесе барање за женење со компјутерот, тврдејќи дека и тој  претставува сексуално малцинство.

- Ако геј луѓето имаат право на склопување бракови, иако им недостасуваат соодветни делови од телото, тогаш и јас би требало да имам право да се оженам со мојот омилен сексуален објект, ги објасни неговите барања.

Во барањето на 24 страници детално се опишува врската со неговиот компјутер.

- Со текот на времето почнав да претпочитам секс со мојот компјутер наместо секс со вистинска жена. Секако, во компјутерост се вљубив и тој доби предност во сексот над сите други работи или лица, напиша меѓу другото.

Неговите обиди да се венча со неговиот МекБук засега не наидува на одобрување од властите

07.05.2014 - 13:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега