Големо апсење: Полицијата влезе во Фондот за пензиско во Србија

Седум лица се приведени во голема полициска акција во Белград. Српската полиција почна со расчистување на корупцијата во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Седуминната осомничени се товарат за злоупотреба на службената положба преку која противправно стекнале околу 70 милиони српски динари.
Според информациите кои ги објавуваат српските медиуми, осомничените барале лица на кои им недостигаат по неколку месеци или години од стажот за да се стекнат со право на пензија и за надоместок од 300 до 750 евра им ветувале дека ќе им ги средат документите.
Акцијата, како што пишуваат медиумите во Србија се уште е во тек и не се исклучува можноста да бидат откриени уште лица кои се дел од оваа организирана група. 

07.05.2014 - 12:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега