Германија на страната на Русија во украинската војна

 

Германската Влада ги повика украинските власти да ја прекинат офанзивата во источните региони на земјата, вели владиниот координатор за односите со Русија, Гернот Ерлер во интервју за весникот „Ноје Оснабрукер Цајтунг“.

Киев треба да ги прекине „своите воени дејствија против проруските сепаратисти во источна Украина“, вели Ерлер во интервјуто.

Во врска со претстојните претседателски избори во Украина, закажани за 25 мај, тој потенцира дека во земјата е неопходна состојба во која граѓаните ќе може да го дадат својот глас во нормални услови.

- Во источните делови на Украина тоа не е можно, затоа судирите треба да престанат, за никој потоа да не може да каже дека изборите таму биле дискредитирани, вели Ерлер.

Координаторот на германската Влада, меѓутоа, смета дека во немирните реони во сила треба да останат некои ограничувања. Според него, некои луѓе таму се толку многу уплашени, што нема да смеат да излезат на гласање.

07.05.2014 - 12:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега