Зошто Боже ни ја зема Ања да ти служи- погребано малото девојче кое се удави во реката собирајќи цвеќиња

Бања Лука завиена во црно.

 

Наместо празнично расположени жителите на селото Банска вчера беа завиени во црни. Реката која протекува во селото во понеделникот вечерта ја однела тригодишната Ања Костиќ, девојчето со ангелско лице. Ања беше погребана вчера, а нејзината скршена од болка, одвај стоејчи на нозе ја изпрати ќерка си во вечниот дом.

- Итната помош интеревенирала повеќе пати бидејќи мајката губела свест. Говор за најмилата внука одржа нејзиниот дедо за кој Ања посебно била приврзана, а за време на неговиот говор мајката постојано извикувала: Ѓурѓовден, зошто ни ја зема Аља? Зошто Боже ја зема да ти служи, а нас не остави да тагуваме.

 

Соседите ја опишуваат малата Ања како вистински ангел, и велат дека нејзината загуба навистина го потресе целото село.

- Беше мал ангел, како пеперутка леташе на сите страни. Сите ја сакавме, а што утре. Ја нема Ања, се е пусто без неа. Нема кој да не насмее и развесели вели соседката на семејството Костиќ.

За потсетување малата Ања загина кога ненадејно собирајќи цвеќе на ливадата покрај реката, наеднаш потонала во неа. Во тој момент со Ања била нејзината мајка и стрина кои берејќи цвеќе одеднаш ја изгубиле од вид Ања, но сепак сметале дека некој интересен цвет и го одземал погледот па таа се упатила кон него да го собере за престојниот празник,  но по некое време откако девојчето не се појавило сватиле дека нешто се случува. Целото село тргна во потрага по малата Ања надеваќи дека таа е жива и здрава, но таа надеж одеднаш стивнала кога го здогледале телото на малото девојче во реката.

 

 

07.05.2014 - 12:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега