Две семејства се степале во Битола: Тројца во болница - двајца во притвор

Тепачка меѓу двесемејства во Битола, однесе неколку лица во болница. Една жена заработи скршеница,едно лице доби метална шипка по главата а уште еден заработил скршеница.

 

Како што информира полицијата, на  4 мај 2014 година, околу 23,00 часот, во Битола по претходна расправија помеѓу две семејства, Е.В. физички го нападнал А.В. а Ф.В. со нож и нанел повреда на М.В. По ова, нападнале и Н.В. нанесувајќи му тешка телесна повреда-скршеница на десната рака и повреди во пределот на главата. При обид да ги раздели, Д.И. бил удрен со метален предмет во пределот на главата и задржан на лекување во Клиничка болница Битола. Од страна на судија на пријавените Е.В.(20) и Ф.В.(29), двајцата од Битола им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена, а ќе одговараат за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

07.05.2014 - 12:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа