Разрешен директорот на Државната телевизија во Грција

Директорот на новата грчка државна телевизија НЕРИТ, Јоргос Прокопакис е разрешен од должноста, само три дена откако телевизијата почна да емитува програма.

Одлуката за неговото разрешување била донесена од страна на Надзорниот совет на Новата радио, интернет и телевизија (НЕРИТ). 

Советот како причина за разрешувањето ги наведува постојаните кршења на Законот за создавање на НЕРИТ, како и оставката на заменик-извршниот директор на медиумот Катерина Евангелаку.

НЕРИТ започна со работа во неделата, 11 месеци по ненадејното затворање на ЕРТ минатата година, поради финансиски проблеми.

Прокопакис беше именуван на раководната функција во НЕРИТ пред околу седум месеци

07.05.2014 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега