Тимошенко се закани- Ако Украина избере друг претседател ќе почнеме трета рунда од револуцијата

 

Јулија Тимошенко, поранешната украинска премиерка и еден од претседателските кандидати на претстојните избори изјави дека од сите политичари во Украина таа е единствено способна за спроведување на политичките реформи, што и се неопходни на земјата.

На прес-конференцијата во градот Николаево на југот од Украина, Тимошенко отворено изјави: „Доколку граѓаните изберат друг кандидат, нема да може да се избегне третата рунда од револуцијата“ јави ИТАР-ТАСС, .

 

- Не сакам веќе да бидам одговорна за пропаста на револуцијата. Ако Украина избере друг претседател, а јас всушност имам само еден ривал, мислам дека ќе мораме да почнеме трета рунда од револуцијата. Во спротивно, мислам дека нема шанси промените да бидам спроведени. Едноставно, јас ги познавам сите тие луѓе, истакна Тимошенко.

Таа, исто така, понуди предлог закон, за кој вели дека ќе придонесе за решавање на проблемот со корупцијата, но призна дека многу претставници на власта предводена од олигарсите, меѓу кои е и нејзиниот главен ривал на претстојните претседателски избори Петар Порошенко, „едноставно не се заинтересирани за предлогот“.

Според најновите анкети, Порошенко има поддршка на 33,3 отсто од гласачите, додека Тимошенко може да смета на десет проценти гласови.

 

Предвремените претседателски избори во Украина се закажани за 25 мај.

07.05.2014 - 11:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега